Дома Останати Тенис Тинејџер од 16 години е ново тениско чудо во Франција – воодушевува со својата игра!

Тинејџер од 16 години е ново тениско чудо во Франција – воодушевува со својата игра!

Моизе Коуаме e новата сензација на тениските терени и еден од најсветлите таленти на Франција, откако го привлече вниманието на тенискиот свет на последниот Ролан Гарос во јуниорска конкуренција.

Со само на 15 години, успеа да стигне до четвртфиналето, фасцинирајќи ги сите со неговата енергична и динамична игра додека остваруваше посебна врска со гледачите.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


“Еден ден сакам да бидам на врвот”, изјави тогаш Moïse Kouamé, подготвувајќи се за ново поглавје надвор од националниот тренинг-центр во Поатје и напуштајќи го системот на француската федерација.

Неговата кариера се развива низ академијата на Жустин Хенин, а продолжува и во групата на Патрик Моратоглу, како и во ТК Перо, каде што својот стил на игра го култивираше уште повеќе.

Сега Коуаме работи под менторството на човек кој добро ги разбира предизвиците на раниот успех — Ришар Гаске, некогашен тениски виртуоз и ривал на Рафаел Надал. Гаске дебитираше на ATP турнир на 15 години, додека Надал, само една година подоцна, го направи своето прво појавување во Монте Карло.

Биш соперник на Франција е свесен колку е тежок патот што Kouamé го избира, но и колкава исклучителна талентираност младиот тенисер носи во себе.

Овие денови дополнително го сврте вниманието кон себе учествувајќи на АТП турнирот во Монпеје, каде преку квалификации се пласираше во главната ждрепка со 16 години и 10 месеци, правејќи го шестиот најмлад кој го остварил тоа во 21-виот век.


Овој успех дојде по неговите победи на турнирите М15 во Бресур и М25 во Хазбук, врзувајќи вкупно 12 последователни победи во тековната сезона.

Во својот прв меч од главната ждрепка на ATП турнирот беше поразен од Александар Ковачевиќ (ATP 83), со резултат 6:7 (5), 6:2, 6:2, но демонстрираше голема борбеност и потенцијал.

кКоуаме е познат и како KTT, се смета за една од најголемите надежи на францускиот тенис. Во земја која сеуште чека наследник на Јаник Ноа, последниот домашен освојувач на Ролан Гарос во 1983 година, младиот тенисер предизвикува големи очекувања.

Неговите семејни корени потекнуваат од Камерун, како и кај Ноа, а семејството има потекло и од Обала на Слоновата коска.

Неверојатно брз и на теренот и надвор од него, Коуаме како дете сонуваше да стане возач на Формула 1, со автомобилот на Ред Бул. Во тенисот, негов херој е Новак Ѓоковиќ, а во фудбалот го поддржува Реал Мадрид поради Килијан Мбапе, но истовремено го цени и Лионел Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ, Синер и Алкараз на „Бернабеу“ – можно е!

Годинешниот Мастерс во Мадрид ќе донесе една невообичаена и интересна новина – тениските и…