Дома Фудбал Италијанскиот гигант сонува за Бернардо Силва

Италијанскиот гигант сонува за Бернардо Силва

Бернардо Силва, португалскиот фудбалер кој игра за Манчестер Сити, е на листата на желби на Јувентус за летниот трансфер период.

Старата дама продолжува интензивно да работи на пазарот, иако трансфер периодот заврши, со главен акцент на играчи кои се без надоместок за следната сезона. Управата на Бјанконерите бара решенија кои ќе ги задоволат техничките барања истовремено почитувајќи ги економските ограничувања, а веќе имаат неколку имиња во оптек, според пишувањата на “Газета дело спорт”.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Приоритет на клубот од Торино е доведување на левоног централен бек за да се зголеми конкуренцијата во одбраната, но името кое се истакнува во медиумите на Апенините е Бернардо Силва.

Португалскиот репрезентативец од Манчестер Сити, се гледа како цел која би донела огромен квалитет и искуство на тимот, што е опција што внимателно се разгледува. Сè уште нема директни контакти за потенцијален трансфер, но Старата дама ја следи ситуацијата на португалскиот креативен играч од средниот ред, кој треба да ја напушти Премиер лигата по девет години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок во Турција: Почина млада фудбалерка на само 13 години

Турската јавност и спортската сцена се во длабока жалост поради трагичната вест за заминув…