Дома Фудбал Маркус Рашфорд не сака да се врати во Манчестер Јунајтед

Маркус Рашфорд не сака да се врати во Манчестер Јунајтед

Англискиот фудбалер Маркус Рашфорд нема намера да се врати во Манчестер Јунајтед по истекот на неговата позајмица во Барселона, пренесуваат британските медиуми.

Според информациите на весникот Mirror, напаѓачот е подготвен дури и да прифати намалување на платата со цел да остане во Шпанија и да продолжи со настапите за каталонскиот гигант.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Рашфорд наводно е задоволен од престојот во Барселона и смета дека стилот на игра и амбиентот во клубот повеќе му одговараат во овој дел од кариерата. Од друга страна, неговата иднина на „Олд Трафорд“ е неизвесна, особено по честите промени во тимот и нестабилната форма на Јунајтед во последните сезони.

Засега нема официјална потврда од ниту еден од клубовите, но доколку оваа информација се покаже како точна, Манчестер Јунајтед би можел да биде принуден да бара трајно решение за трансферот на својот офанзивец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона го сака дефанзивецот на Јувентус

Барселона покажува интерес за бекот на Јувентус, Андреа Камбиазо, пренесуваат медиумите во…