Дома Фудбал Голманот на Јунајтед запрашан што направил Керик за да играат подобро: „Ништо посебно…“

Голманот на Јунајтед запрашан што направил Керик за да играат подобро: „Ништо посебно…“

Голманот на Манчестер Јунајтед, Сене Ламенс, го опиша триумфот на неговиот тим против Арсенал со резултат 3:2 како еден од најзначајните моменти во неговата кариера до сега.

„Црвените ѓаволи“ со оваа победа го прекинаа долгиот низ без успех на гостински терен на Емирејтс, каде последен пат славеа во 2017 година.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Белгискиот чувар на голот направи неколку клучни интервенции кои беа пресудни за големиот пресврт и освојување на трите бода.

„Не бевме сјајни, но ваквите мечеви мора да се добијат“

Ламенс не ги криеше емоциите по натпреварот.

„Ова е едно од најубавите чувства во мојата кариера. И натпреварот минатата недела против Манчестер Сити беше многу посебен, но овој пат моравме да дадеме уште повеќе. Не беше тоа нашата најдобра игра, но ваквите натпревари мора да ги победите ако сакате да останете на врвот. Токму тоа и го направивме“, рече Ламенс за Скај Спорт.

Ламенс се осврна и на работата на тренерот Мајкл Керик, истакнувајќи дека успехот доаѓа од основните работи.

„Керик не направи ништо спектакуларно, само се држевме до основите. Тоа е фудбалот. Ако ги правите правилно основните работи, квалитетот сам ќе дојде до израз. Јасно ни кажа што сака и што очекува. Понекогаш не испаѓа совршено, но кога се борите како тим и верувате – можете да победите.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ украде од Барселона уште една голема надеж, но тоа што го направија парижаните по договорот никој не го очекуваше

ПСЖ ѝ нанесе уште еден тежок удар на Барселона бидејќи младиот Дро Фернандез неочекувано р…