Тоа што Барселона лесно го мина Леганес и што има 10 бодови повеќе во однос на Реал и Атлетико баш и не го импресионира Ернесто Валверде.
Успеа да ја наметне својата филозофија, Барселона никогаш не делувала волку црвсто во одбраната, а остана имун на сите обиди на играчите, пред се на Меси да не се мешаат во составот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Го елиминираше Маскерано и натаму има доверба во Алаксер кој сега е тргнат од листата за продажба во јануари.
Едноставно, некогашниот тренер на Билбао има некои свои принципи од кои не се откажува.
Првиот е дека не сака клубот да ги расипува парите на Кутињо и засилувања кои во јануари нема многу да значат. Тој како што се наведува, синоќа барал состанок со управата на клубот, спортскиот директор Фернандез и претседателот Бартомеу поради ветувањата кои не ги исполниле.
Имено, Валверде смета дека проблемот на Барселона е одбраната, а заминувањето на Нејмар. Поточно, верува дека Пике и Умтити немаат алтернатива и тоа ќе биде проблем. Пике е суспендиран за следниот меч против Валенсија што е дерби, поради тоа Валверде збесна.
Бидејќи, не верува во Вермален, Маскерано е повреден, а и да не е, тренерот смета дека не може да игра како стопер.
Сега нема решение, размислува Динј да биде покрај Умтити, или дури да пружи шанса на некое млади дете од академијата.
Тој на состанокот со управата побарал да бидат исполнети ветувањата и да биде донесен стопер.
Го предложил Лапорте, кој е тешка мета, но кој би дошол кај својот бивши тренер, потоа Де Лихт од Ајакс, а ако не, тогаш Колумбиецот Миха да дојде шест месеци пред време, но тоа е изнудено решение, со оглед на тоа дека се Валверде не е импресиониран ниту со Колумбиецот.
Но, Барселона има друга идеја да ги потроши парите на Кутињо, а потоа и на Гризман, иако тренерот смета дека приоритетите се поинакви.