Дома Фудбал Се појави новиот дрес на Реал Мадрид, наредната сезона ќе има историска промена (Фото)

Се појави новиот дрес на Реал Мадрид, наредната сезона ќе има историска промена (Фото)

Реал Мадрид подготвува редизајн на своите дресови за следната сезона, а веб-страниците Footy Headlines и Opaleak го објавија изгледот на домашниот комплет што Кралевите планираат да го користат.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Иако традиционално, домашните дресови на Реал се во бела боја, новите фотографии од Footy Headlines и Opaleak ако се покажат автентични, ќе вклучуваат и бордо детали, кои не се типични за идентификацијата на клубот.

Adidas на ракавите додал бордо пруги, додека горниот дел, како и логата на главните спонзори HP и Fly Emirates ќе бидат во темно зелена боја, што дополнително ќе ја истакне новата визуелна естетика.

Реакциите на навивачите на Реал Мадрид се различни. Некои навивачи инсистираат дека дресовите треба да останат целосно бели, останувајќи верни на долгогодишната традиција, додека други сметаат дека освежувањето на изгледот е добро за подигнување на брендот на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси ѝ го „скрши филмот“ на Барселона, Флик ќе се „теши“ со засилување од Њукасл

И покрај тоа што летниот преоден рок сè уште не е официјално отворен, раководството на Бар…