
Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, може да отсуствува околу еден месец поради повредата која ја доби за време на вчерашниот натпревар со Астон Вила. Португалецот очигледно имаше проблеми уште во крајот на првото полувреме, но доигра делот, по што беше заменет на полувреме.
По натпреварот, Рубен Аморим откри дека станува збор за повреда на меките ткива и дека Бруно ќе пропушти неколку натпревари, но сè уште не е познато колку точно. Според „Дејли Телеграф“, Португалецот ќе биде надвор од терените околу месец дена, што значи дека може да пропушти седум натпревари на својот тим во тој период.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Неговата повреда доаѓа во најнепосакуваниот момент, бидејќи во моментот Рубен Аморим не може да смета и на Брајан Мбемо, Амад Диало и Нусаир Мазрауи, кои учествуваат со своите национални тимови на Купот на Африканските нации. Коби Мејну исто така доби повреда на тренингот во петок и нема да биде достапен за натпреварот против Њукасл на „Боксинг Деј“. Изборите на менаџерот се толку ограничени што вчера мораше да ги пушти во игра 18-годишните Џек Флечер и Шеј Лејси.