Дома Фудбал Фергусон: Манчестер Јунајтед нема да освои титула во следната деценија

Фергусон: Манчестер Јунајтед нема да освои титула во следната деценија

Легендарниот тренер и миленик на сите навивачи на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон даде реална, но болна изјава за Црвените ѓаволи.

Сер Алекс Фергусон, човекот чие име уште буди стравопочит низ фудбалскиот свет, повторно ја вознемири јавноста со зборови кои нема да им се допаднат на навивачите на Манчестер Јунајтед.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Легендарниот Шкотец изнесе прилично суморна прогноза за иднината на клубот, посочувајќи дека враќањето на тронот од Премиер лигата би можело да потрае уште цела деценија.

Да потсетиме, Манчестер Јунајтед последен пат беше првак на Англија во 2013 година, токму во сезоната кога Фергусон се повлече од клупата.

„Кога јас пристигнав, Ливерпул беше исклучителен тим. Беа шампиони на Европа, но потоа им требаше дури 30 години повторно да ја освојат титулата првак на Англија.“

Токму во таа реченица се крие и најголемото предупредување за денешниот Јунајтед. Фергусон смета дека клубот моментално се наоѓа во слична ситуација како што некогаш беше Ливерпул, и дека сушата без титула од Премиер лигата би можела да потрае уште најмалку десет години ако не се направат темелни промени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Немало спас: Објавен страшен детал по големата незгода во која загина Алекс Манингер (Фото)

Поранешниот австриски голман Алекс Манингер загина вчера во страотна сообраќајна несреќа ш…