
Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, отворено зборуваше по нерешениот натпревар со Борнмут.
Португалецот повторно беше играч на натпреварот, но тоа не беше доволно за Јунајтед да извојува победа.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Бруно сподели за медиумите што му лежи на душа.
“Клубот сакаше да заминам летоска и така се почувствував. Им го кажав тоа на директорите, но мислам дека немаат храброст да ја донесат таа одлука. Решив да останам и поради семејни причини, но и затоа што ми е грижа за клубот. Разговорите со тренерот ме убедија да останам. Сепак, од клубот почувствував дека мислат “ако замине, тоа и не е толку лошо за нас”. Тоа ме повреди и ме натажи, бидејќи сум играч кој не заслужи критики. Секогаш сум на располагање, играм добро или лошо, но давам се од себе. Потоа, гледам околу себе играчи кои не ја ценат доволно големината на клубот и не го бранат како што треба. Тоа ме прави тажен”, изјави Бруно Фернандеш.
Изјавите не завршуваат тука, бидејќи тој одговори и за поврзаноста со Ал Хилал, кој уште летото му нудеше огромни пари за неговиот потпис.
“Претседателот на Ал Хилал лично ме повика. Рубен Невеш ми испрати пораки дека сака директно да разговара со мене. Сакаа да играм за нив на Светското првенство за клубови. Тоа беше “љубов” која започна додека Жорж Жезус беше на чело, во 2023 година. Тогаш ме повика првпат”, откри Бруно и продолжи:
“Не можам да се жалам, многу сум добро платен, но разликата е очигледно огромна. Сепак, тоа никогаш не ме водеше. Ако еден ден треба да играм во Саудиска Арабија, тогаш ќе играм. Мојот животен стил ќе се промени, моите деца ќе имаат сончеви денови, по шест години во Манчестер со дожд и студ. Ќе играм во лига што расте со познати играчи. Можев и јас да заминам, како што направија многу играчи и да изјавам “сакам да заминам, не сакам да тренирам, сакам да имам 20 или 30 милиони евра”, за да извлечам уште повеќе пари. Но тоа никогаш не го направив. Никогаш не почувствував дека сум во позиција да го направам тоа. Секогаш имав емпатија и наклонетост кон клубот”, изјави Бруно.