Дома Фудбал Легенда на Премиер Лигата изненади со признание: Ми открија дека имам агресивен рак, се прошири…

Легенда на Премиер Лигата изненади со признание: Ми открија дека имам агресивен рак, се прошири…

Легендата на Премиер Лигата која ги носеше боите на Њукасл, Вест Хем и Портсмут откри тешка здравствена состојба.

Поранешниот голман на Њукасл, Вест Хем, Портсмут и Далас, Шака Хислоп, денес е далеку од деновите кога стоеше меѓу гредите во борбата за врвот на Премиер Лигата. По завршувањето на неговата играчка кариера, стана ценет фудбалски аналитичар на ESPN.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Како што пренесува Дејли Мејл, 56-годишниот Хислоп откри дека се бори со сериозна дијагноза – рак на простата. Во емотивна објава раскажа дека сè започнало на рутински преглед пред година и пол.

“Имам приказна за раскажување. Пред околу 18 месеци заминав на годишниот систематски преглед и инсистирав на PSA тестот, како што отсекогаш правам.

Овој пат, меѓутоа, мојот ПСА беше зголемен. МРИ и биопсијата брзо покажаа дека имам прилично агресивен рак на простата. Пред година дена, скоро на денешниов ден – поточно на 6 декември – имав радикална простатектомија. И мислев дека е тоа,” кажа Хислоп, откривајќи дека наскоро го дочека нов удар.

“Но потоа, шест месеци подоцна, мојот ПСА повторно почна да се зголемува и уште една снимка покажа дека ракот на простата се проширил на мојата карлична коска. Веднаш потоа започнав со терапија со лекови, а токму утрово завршив седум и пол недели радиотерапија. Патувањето продолжува.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите бараа да го отпушти, а Перез му даде нов договор: „Најдобар си во Европа!“

Во редовите на Реал веќе интензивно се работи на новите договори за сезоната која би можел…