Дома Фудбал Навивачите на Ливерпул веќе немаат трпение, двајца фудбалери не сакаат да ги видат на „Енфилд“ никогаш повеќе

Навивачите на Ливерпул веќе немаат трпение, двајца фудбалери не сакаат да ги видат на „Енфилд“ никогаш повеќе

Навивачите на Ливерпул бараат од челниците на клубот да продадат двајца фудбалери во јануари по ужасниот натпревар со Сандерленд на домашен терен.

Екипата предводена од клупата од Арне Слот продолжи да губи бодови во Премиер лигата, па сега се наоѓа на осмо место на табелата по 14 одиграни натпревари.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Синоќа Сандерленд гостуваше на „Енфилд“ и постигна предност од 1:0 откако Чемсдине Талби погоди во 67-та минута од натпреварот.

Навивачите на Ливерпул полека се навикнуваат на лошата игра на својот тим, но синоќа беа посебно фрустрирани од играта на двајцата фудбалери.

Повторно Ибрахима Конате беше на мета на домашните навивачи за време на натпреварот, сè поради лошата игра.

“Не сум сигурен во која планета е Конате оваа сезона, но на земјата сигурно не е.”

“Не можам да поверувам што прави Конате на теренот.”

Сето ова дојде откако неодамна јавно го критикуваше и легендарниот фудбалер на Ливерпул, Џејми Карагер.

Конате не е единствениот играч кој беше критикуван од навивачите на Ливерпул, истото важи и за Џо Гомез.

“Џо Гомез е најлошиот играч што сум го видел да игра за Ливерпул.”

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кристијано Роналдо станува директен ривал на ЧатГПТ!

Кристијано Роналдо ги осигура своите потомци, бидејќи е најплатениот спортист на светот. О…