Дома Фудбал Ѕвезда на Барселона ќе паузира поради повреда на листот од десната нога, Флик во големи проблеми

Ѕвезда на Барселона ќе паузира поради повреда на листот од десната нога, Флик во големи проблеми

Фудбалерот на Барселона, Фермин Лопез, ќе паузира две недели поради повреда на листот од десната нога, соопшти денеска шампионот на Шпанија.

Ова е уште еден удар за амбициите на каталонскиот клуб, кој се соочува со многу густ распоред во следниот период.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


– Фермин има полесна повреда на мускулот на листот на десната нога, а приближно времето за опоравување ќе биде две недели – објавено е на сајтот на клубот.

Стрелецот на седум голови за Барселона оваа сезона ќе ги пропушти натпреварите против Алавес, Атлетико Мадрид и Бетис во Ла Лига, како и против Ајнтрахт Франкфурт во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Комедија во Кратово: Фудбалер на Силекс на ужасниот терен промаши празен гол! (Видео)

Условите за игра во Кратово попладнево на дуелот помеѓу Силекс и Арсими се ужасни и фудбал…