Дома Фудбал ФИФА во проблеми поради Кристијано Роналдо, можни тужби од репрезентации?

ФИФА во проблеми поради Кристијано Роналдо, можни тужби од репрезентации?

Светската фудбалска федерација може да се соочи со сериозни правни последици по одлуката да ја укине суспензијата на Кристијано Роналдо, овозможувајќи му да игра во првите два натпревари на Светското првенство. Според извештаите на странски медиуми, репрезентациите кои ќе бидат извлечени против Португалија во тие натпревари, разгледуваат можност за поднесување тужба пред Судот за спортска арбитража со цел да се отповика спорната одлука.

Комисијата за дисциплина на ФИФА неодамна ја суспендираше одлуката за забрана на Роналдо да игра на три натпревари, што значеше дека пропушти само еден натпревар против Ерменија, кога Португалија триумфираше со 9:1. Потоа, ФИФА презеде неочекуван чекор и го ослободи од казната за останатите два натпревара.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Да потсетиме, португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо доби директен црвен картон и казна од три натпревари отсуство откако со лакт го удри ирскиот репрезентативец Дара О’Шеа во квалификацискиот натпревар оваа месец, кога Ирска на домашен терен неочекувано го победи Португалија.

Оштетените страни може да бараат правда пред швајцарскиот суд. Секој сојуз кој се чувствува оштетен треба да докаже дека е директно погоден од одлуката и дека постои правен интерес вреден заштита. Исто така, треба да презентираат валидни аргументи за тоа како би им се намалиле шансите за поминување на групата доколку Роналдо, стрелец на пет погодоци во квалификациите, игра против нив.

Исто така, тие треба да докажат дека одлуката беше погрешна. Останува да се види дали кој било сојуз ќе одлучи да преземе таков чекор. Ситуацијата би можеле да ја следат и други репрезентации чиј играчи пропуштаат натпревари поради санкции кои не се намалени како во случајот на Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кристијано Роналдо инвестира во нова авантура: Станува акционер во брзо растечка организација на ММА

Кристијано Роналдо, легендарниот португалски фудбалер, одлучи да заплови во водите на ММА …