
Полскиот фудбалски ас Роберт Левандовски стана централна фигура во една од најчудните приказни во шпанскиот фудбал во последните години, благодарение на биографијата „Левандовски Реално“ од новинарот Себастијан Сташевски.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Шпанските медиуми веќе пишуваат дека оваа книга брзо ќе стане бестселер во Каталонија – и тоа со добра причина.
Сташевски во биографијата објавува тврдење кое ја шокираше јавноста.
Според него, претседателот на клубот Жоан Лапорта лично побарал од Левандовски да – забави.
„Роберте, важно е да престанеш да постигнуваш голови.“
Причината? Доколку Полјакот постигне 25 гола, автоматски се активира бонус од 2,5 милиони евра, нешто што во тој момент Барселона не можела да си го дозволи да плати.