Дома Фудбал Македонија може до директен пласман на СП 2026, но за тоа ни треба чудо!

Македонија може до директен пласман на СП 2026, но за тоа ни треба чудо!

Македонската фудбалска репрезентација гостува во Кардиф, каде против Велс ќе се соочи од квалификациите за Светското првенство 2026.

Имено, „црвено-жолтите“ сè уште имаат теоретска шанса да го освојат првото место во групата и директно да се пласираат на Мундијалот. За тоа да стане реалност, Македонија најпрво мора да победи во Кардиф, но ќе мора да го чека и резултатот од дуелот Белгија – Лихтенштајн.

Едно од сценаријата е едноставно: триумф над Велс и изненадувачки пораз на Белгија од Лихтенштајн. Во тој случај, Македонија би се искачила на врвот на табелата.

Втората, уште покомплицирана варијанта, предвидува реми на Белгијците во Брисел. Но, тоа би значело дека избраниците на Милевски ќе мора да слават со најмалку седум гола разлика во Кардиф за да го преземат првото место – задача која на хартија изгледа неверојатно тешка, но не и математички невозможна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Португалија зборува за денешниот потег на Кристијано Роналдо!

Кристијано Роналдо привлече големо внимание на последниот тренинг на репрезентацијата на П…