
Филип Костиќ, капитенот на фудбалската репрезентација на Србија во натпреварот против Англија, верува дека репрезентацијата ќе беше подобра доколку почета на чело со Велјко Пауновиќ.
Србија претрпе пораз од Англија на “Вембли” со резултат 2:0, со што без математичка шанса за второто место кое води во продолжение на квалификациите за Светското првенство.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
„Голема чест и задоволство е да се носи капитенската лента. Тоа е сон што ме охрабрува и ми дава мотивација за работа и борба, да го дадам максимумот за националниот тим. Сметам дека игравме против една од најдобрите селекции во светот. Имавме шанси, жал ми е што не ги искористивме. Покажавме карактер, потенцијал и оваа репрезентација ќе биде подобра. Што се однесува до мојата улога, имав различна задача, но како што кажува селекторот, секогаш сум на располагање за тимот“, изјави Костиќ.
Фудбалерот на Јувентус по натпреварот индиректно го спомена и поранешниот селектор Драган Стојковиќ – Пикси.
„Сметам дека доколу имавме селектор и добра подготовка како во изминативе неколку дена, резултатот ќе беше подобар. Немаше да го претрпиме поразот од Албанија, што е еден од најтешките порази во мојата кариера и тешко ни падна на сите, но мораме да продолжиме и да се издигнеме. Следниот натпревар е во Лесковац против Летонија и уверен сум дека ќе биде добро и ќе ја вратиме вербата во репрезентацијата.“