
Во интервју за една емисија, прославениот напаѓач, кој остави силен впечаток во дресовите на Реал Мадрид и Интер, наведе дека бил подобар од многу од денешните соперници на теренот, вклучувајќи ги Роберт Левандовски и Ерлинг Халанд.
Иван Луис Заморано Замора, роден на 18 јануари 1967 година во Сантјаго, е запаметен како еден од најголемите чилеански фудбалери во историјата.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Својата кариера ја започна во Колo-Коло, каде што, уште како млад, ја покажа изразената своја голгетерска интуиција. Талентот го одведе во Европа, најпрво во шпанска Севиља, а потоа во мадридски Реал, каде што стана легенда. Во Реал го носеше дресот со број 9 и постигна десетици клучни голови, вклучувајќи и многу значајни во Ла Лига и европските натпреварувања.
Заморано беше и ѕвезда на Интер од Милано, каде што во Италија докажа дека може да биде важен дел од еден од најсилните шампионати во светот.
Ќе се памети и неговата „1+8“ фаза во Интер, кога поради традицијата на броевите играше со комбиниран број 18, симболично покажувајќи ја својата страст за клубот и головите, додека неговиот број девет го доби Роналдо.
Иван Заморано беше гостин во емисијата „El Cafelito“ која ја води Жозеп Педрерол на El Chiringuito de Jugones. Во текот на емисијата, поранешниот напаѓач се спореди со сегашните европски фудбалери, меѓу кои и Левандовски.
„Роберт Левандовски е најсличен на мене, ама на врвот на својата кариера бев подобар од него“, изјави Чилеанецот.
„Мислам дека може да биде изедначено со Луис Суарез. Карим Бензема и Килијан Мбапе се пред мене. Го обожавам Карим; сметам дека е многу разноврсен играч. И Мбапе. Нетипично, повеќе комплетен сум од Ерлинг Халанд“, додаде Заморано. На прашањето кои напаѓачи ги смета за послаби од себе, Иван спомна имиња како Алваро Мората, Златан Ибрахимовић, Едисон Кавани, Диего Коста и Радамел Фалкао.
За време на својата кариера, Заморано играше за Болоња (1988-1989), Севиља (1990-1992), Реал Мадрид (1992-1996), Интер Милано (1996-2001), Клуб Америка (2001-2003) и Колo-Коло (2003). Во дресот на Реал Мадрид одигра 173 натпревари, постигнувајќи 101 гол и запишувајќи 22 асистенции.
За репрезентацијата на Чиле одигра 71 натпревар и постигна 34 гола. Заморано ја заврши својата кариера во Колo-Коло, откако ја освои титулата во 2003 година. Тој тогаш изјави дека тоа го вети уште како дете.
Со Чиле учествуваше на Светското првенство во 1998 година. Со Реал Мадрид во 1995 година стана најдобар стрелец на Ла Лига, кога ја освои и титулата, додека со Интер го подигна трофејот на победникот на Купот на УЕФА во 1998 година.
Денес, овој 58-годишен живее во фудбалска пензија. Не се решил да влезе во тренерски води, но често се појавува на разни настани во Чиле. Започнал и одредени приватни бизниси, како што е производството и продажбата на вино.