Дома Фудбал Поранешен напаѓач на Ливерпул може да заврши во затвор!

Поранешен напаѓач на Ливерпул може да заврши во затвор!

Поранешниот напаѓач на Ливерпул и сенигалската репрезентација, Ел Хаџи Диуф, се соочува со потенцијално затворање поради обвинувања за напуштање на семејството и неплаќање алиментација. Диуф (44) наводно и должи на својата поранешна сопруга Валери Бишоп околу 14.000 фунти (или приближно 16.000 евра), а месечниот износ од 670 фунти (приближно 760 евра) за нивната 17-годишна ќерка Кејла не го исплатил од март 2024 година, пренесуваат англиските медиуми.

Пензионираниот фудбалер не се појави на судското рочиште кое беше закажано за вторник, 4 ноември, во главниот град на Сенегал, Дакар. Согласно строгите закони во Сенегал, неплаќањето алиментација може да резултира со затворска казна.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Адвокатката на неговата поранешна сопруга, Маме Адама Гуеј, изјави: “Ел Хаџи Диуф е финансиски способен. Тој има средства за плаќање, но одбива да го направи тоа. Живее комотен живот и времето го дели помеѓу Дакар и Сали Портудал”.

Диуф е повикан да се појави на Високиот суд во Дакар на наредното рочиште, кое е закажано за 5 декември.

Во Англија, Диуф остана познат како контроверзна фигура. Во Ливерпул пристигна од Ленс по трансфер вреден 10 милиони фунти, откако блесна на Светското првенство во 2002 година. Сепак, неговиот престој на “Енфилд” беше разочарувачки, постигнувајќи само шест голови во 80 настапи и влезе во отворен конфликт со клупската легенда Стивен Џерард.

Џерард во својата автобиографија од 2007 година напиша: “Диуф беше заинтересиран само за себе. Неговиот став беше сосема погрешен. Се чувствував дека не му беше грижа за тимот и да се жртвува за успехот на Ливерпул”.

Диуф му одговори пет години подоцна: “Џерард тогаш беше љубоморен на мене затоа што го имав светот под моите нозе. Нема себичен човек каков што беше тој… не се грижеше за никој освен за себе. Џерард би сакал Ливерпул да загуби, само за тој да биде стрелец. Старите ѕвезди на Ливерпул не го сакаат”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

За многумина стартот над Хакими беше за во „затвор“, а Крос шокираше: Не беше ниту за црвен! (Видео)

ПСЖ, актуелниот победник во Лигата на шампионите, објави дека ќе биде без повредениот маро…