Дома Фудбал Легендата од Серија А ја отвори душата: „Откако почина синот, ми се уништи животот засекогаш

Легендата од Серија А ја отвори душата: „Откако почина синот, ми се уништи животот засекогаш

Поранешниот фудбалер Диего Фузер, кој за време на својата кариера играше за големи клубови како Торино, Милан, Фиорентина, Лацио, Парма и Рома, отворено говореше за трагичната загуба на својот син, Матео, кој почина во 2015 година на 16-годишна возраст, по долга болест.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во емотивно интервју за „Газета“, Фузер призна дека загубата на синот трајно го промени неговиот живот.

– Тоа го промени мојот живот, го уништи засекогаш. Тоа е нешто што остава длабоки лузни, тешко е да се објасни. Се обидуваш да го прифатиш, но бараш одговори кои не постојат. Мислам дека нема болка поголема од загубата на дете. Ништо не е исто откако замина. Но, од друга страна, неговиот пример ми дава многу сила, живееме за него секој ден – рече Фузер за трагедијата која го погоди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кога Роналдо ќе се повлече од репрезентацијата? Крајот може да биде веќе во Лигата на Наци…

Кристијано Роналдо, според најновите информации, наскоро би можел официјално да ја заврши …