Дома Фудбал Мурињо ги загубил нервите во соблекувалната: „Проклети кукавици! Немате м*да!“

Мурињо ги загубил нервите во соблекувалната: „Проклети кукавици! Немате м*да!“

Поранешниот фудбалер од Челси и репрезентативец на Англија, Џо Кол, открива како Португалецот ја „воспитувал“ екипата по поразот од Барселона во 2005 година.

Годината е 2005. Стадион Камп Ноу. Челси загуби од Барселона 2:1 во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите. А потоа – експлозија. Жозе Мурињо, тогашниот тренер на „Сините“, влетува во соблекувалната и го искажа сето што му беше на душата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ова го открива Џо Кол во својата автобиографија: „Играч за луксузни околности“:

Вашиот прв голем тест како тим – и паднавте. Дојдовте на Камп Ноу и се скривте. Кукавици. Нула храброст!,” Мурињо не штедеше никого, ниту Петр Чех, ниту Џон Тери, ниту Френк Лампард.

Им рече дека ги изеле Ето и Деко. Пцуеше на совршен англиски: ‘Проклети безобразници! Немате м*да!’ Сево тоа го кажа со бес, презир и разочарување. Како сите да чекавме егзекуција. Само мислев: ‘Дава на секого по 20 секунди. Кога ќе стигне до мене, ќе се срушам како покосен’.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Сакав да играм за Хрватска“ Златан Ибрахимовиќ имал дилема помеѓу две репрезентации од поранешна Југославија

Во третата епизода на (Не)успехот на шампионите, Златан Ибрахимовиќ разговараше со Славен …