
Главниот тренер на Милан Масимилијано Алегри доби добри вести денес. Напаѓачот Рафаел Леао се приклучи на тренингот заедно со останатите. Португалецот се опоравуваше од повреда и до вчера тренираше на индивидуален режим.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ова значи дека Леао ќе биде подготвен за дербито во недела кога „росонерите“ го примаат Рома. Ардон Јашари и Первис Еступинан исто така се рехабилитирани и се спремни за дуелот. Фикајо Томори и Сантиаго Хименес се под знак прашалник, но е малку веројатно да учествуваат во средбата. Адриен Рабио и Кристијан Пулишиќ сигурно се аут поради повреди.