
Страхиња Павловиќ (24), дефанзивецот на Милан, можеби својата кариера ќе ја продолжи во Барселона. Каталонскиот клуб, по известувања од италијанските медиуми, има интерес за овој српски стопер и размислува да го ангажира. Павловиќ игра на високо ниво во дресот на Милан, неговите одлични перформанси често пленат внимание, а статистиката потврдува дека е исклучително ефикасен во дефанзивни задачи.
Токму ваквите настапи можат да му донесат договор кој се смета за најголем во неговата кариера. Барселона покажа интерес и гледа во него потенцијална опција за засилување на одбраната. Целта на каталонскиот тим е зајакнување на зоната на одбрана каде што Ханси Флик сака подобрувања. Во клубот сметаат дека Павловиќ може да ја донесе потребната стабилност во тој дел од тимот.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
“Павловиќ е на радарот на Барселона, но интерес за него покажуваат и клубови од Лондон – Челзи и Арсенал”, пренесува Милано Лајв. Овој фудбалер роден во Шабац може да направи уште еден голем трансфер. Иако има само 24 години, зад него се сериозни ангажмани.
Својата професионална кариера ја започна во Партизан, од каде што во 2020 година премина во Монако за десет милиони евра. Поради тоа што не се прослави во Кнежевството, играчки минути бараше во Серкл Бриж и Базел, а пресвртница претставуваше трансферот во РБ Салцбург каде што го усоврши својот стил на игра и ја подигна формата.
Летото 2024 се пресели во Милан И покрај одредени критики, оваа сезона игра многу добро и интересот на Барселона за негов ангажман не е изненадување. Павловиќ е редовен член на српската репрезентација. За националниот тим запишал 48 настапи и постигнал четири гола.
<