Дома Фудбал Србите фаќаат сеир на РТС: Звезда загуби, но за нив славела победа! (Фото)

Србите фаќаат сеир на РТС: Звезда загуби, но за нив славела победа! (Фото)

Добро позната е анегдотата од 2010 година, кога Северна Кореја ја имаше својата историска, но неславна дебитантска авантура на Светското првенство во Јужна Африка. Со три порази, гол-разлика 1-12 и без освоен бод, репрезентацијата се врати дома со наведнати глави – но не и за јавноста во земјата. Тамошната државна телевизија со триумфален тон лажираше резултати и ги претстави фудбалерите како светски шампиони.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Иако Србија не е Северна Кореја, а демократските капацитети, барем на хартија се на повисоко ниво, последниве денови дел од српската јавност добива чувство на дежа ву. Причината? Извештаите на државната телевизија РТС која за натпреварот помеѓу Порто и Звезда објави дека завршил со 1-2 место 2-1, па така известија како српскиот тим да победил.

Веројатно станува збор за ненамерна грешка, меѓутоа ова секако беше ситуација која предизвика реакции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Заминува по 23 години: Перез емотивно се збогуваше со Карвахал!

На крајот на оваа сезона, капитенот на Реал Мадрид, Дани Карвахал (34), ќе го напушти клуб…