Дома Фудбал ФФМ: Стадионот во Чаир не ги исполнува условите, Шкупи треба да бара друг терен!

ФФМ: Стадионот во Чаир не ги исполнува условите, Шкупи треба да бара друг терен!

Фудбалската федерација на Македонија, преку Комисијата за натпревари, ја информира јавноста дека ФК Шкупи е должен да пријави алтернативен стадион за одигрување на натпреварот од 4. коло во Прва МФЛ против ФК Вардар закажан за 29. август во 16:30 часот.

Согласно извршената инспекција и извештајот за инфраструктура, утврдено е дека стадионот во Чаир не ги исполнува минималните услови за организација на натпревари од Прва МФЛ, поради:

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


– недоволно исполнети безбедносни услови за одигрување натпревари од Прва МФЛ согласно извештајот за инфраструктура;

– несоодветна заштитна ограда на јужната трибина, во која има дупки и други небезбедни елементи што претставуваат ризик за учесниците на натпреварот (фудбалерите, официјалните лица и сите присутни);

– неисполнети критериуми за примена на ВАР системот, односно нема соодветно струјно поврзување за ТВ репортажното возило;

– незавршена една од трите потребни платформи за ТВ камери, како и неисполнети услови и соодветен простор за ТВ коментатори;

– искршени клупи за резервни фудбалери кои не обезбедуваат минимални услови за фудбалерите и претставниците на клубовите;

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нико Паз одлучи каде сака да ја продолжи кариерата!

Според ТутоСпорт, Нико Паз, одличниот фудбалер на Комо, одлучи каде сака да ја продолжи ка…