Дома Фудбал Брегалница се огласи по скандалот во кој родители од Шкупи тепаа деца во Штип

Брегалница се огласи по скандалот во кој родители од Шкупи тепаа деца во Штип

По денешниот тежок инцидент на младинскиот натпревар меѓу ФК Брегалница и ФК Шкупи (генерација 2009/10), стигна реакција со која најостро се осудува насилството што се случи на теренот во Штип.

„Спортот треба и мора да биде колевка на почит, култура и демонстрација на здрави навики. Не смееме да дозволиме ваква слика да се повтори на било кој фудбалски и спортски терен. Тоа треба да биде место за натпреварување и покажување на манири кои се учат од најмала возраст“, стои во реакцијата.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Од таму им посакуваат брзо закрепнување на повредените деца и апелираат институциите темелно и професионално да ја испитаат случката, а виновниците да бидат најстрого санкционирани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Англичаните можат да останат без резервна клупа на СП? Тухел објасни зошто размислува за оваа идеја

Томас Тухел, селекторот на репрезентацијата на Англија, разгледува иновативен пристап за с…