
Турскиот Фенербахче е на чекор до обезбедување на двајца фудбалски ѕвезди во својот состав. Антони од Бразил и Украинецот Олександр Зинченко наскоро би можеле да станат дел од тимот на Жозе Мурињо.
Откако на барање од Жозе Мурињо се откажаа од трансферот на Нико Јанковиќ, клубот одлучи да се фокусира на играчите кои ‘Специјалниот’ силно ги посакува. Сега трансферите во големиот турски клуб полека се средуваат.
ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст
Две големи имиња од фудбалот се движат кон Истанбул, а преговорите за Антони од Манчестер Јунајтед и Олександр Зинченко од Арсенал се пред реализација.
“Фенербахче е блиску до договор со Антони. Клубот е подготвен да ја плати неговата откупна клаузула”, истакнува новинарот Ибрахим Сетен.
25-годишникот ќе потпише голе, договор со турскиот клуб, кој сака да излезе на мегдан со Галатасарај во борбата за титулата, што за Бразилецот ќе биде одличен предизвик по пристигнувањето.
Антони ќе ги чини Фенербахче 35 милиони евра, а треба да се нагласи дека Манчестер Јунајтед пред три години го плати на Ајакс цели 95 милиони евра.
На Олд Трафорд не покажа многу, но во дресот на Реал Бетис постигна извонредни резултати, демонстрирајќи голема умешност и талент.
Покрај бразилскиот офанзивец, во Истанбул доаѓа и украинскиот дефанзивец Олександр Зинченко. И со него и со Арсенал веќе е постигнат договор.
Преговорите со ‘Топџиите’ напредуваат со брзина. Лондонскиот тим е спремен да ја прифати понудата од 10 милиони евра, а 28-годишникот може веќе за неколку часа да слета во Истанбул.
Зинченко во последните три години настапуваше за Арсенал, а има искуство и во ПСВ Ајндховен, Манчестер Сити и УФА.
Така, Жозе Мурињо ќе добие две значајни засилувања. Џон Дуран веќе пристигна во клубот, а нови играчи се и дефанзивците Арчи Браун и Нелсон Семедо.
Ова не е крајот на трансферите. Се очекува наскоро во клубот да пристигнат Марко Асенсио и Јвес Бисума, како и уште еден голман за да се заокружи крвотокот на нови засилувања.
Главната цел на Фенербахче е освојување на шампионската титулатурска. Тој трофеј го чекаат од 2014 година, додека најголемиот противник Галатасарај доминира со 25 титули на врвот.
Исто така, против Фејенорд ќе се борат за пласман во плеј-офот на Лигата на шампионите. Тежок предизвик е тоа, бидејќи Фенер загуби со 2:1 во првиот меч.