Дома Фудбал Херојот во мечот против Ливерпул направи потег кој ги воодушеви навивачите на Кристал Палас

Херојот во мечот против Ливерпул направи потег кој ги воодушеви навивачите на Кристал Палас

Дин Хендерсон е јунак, по пеналите поранешниот голман на Јунајтед во Комјунити шилд го совлада моќниот Ливерпул и му донесе на Палас трофеј.

За некого, овој Суперкуп можеби не е толку важна „сребренина“, но ете, клубот од Јужен Лондон освои втор трофеј за три месеци и секако тоа се единствените титули кои ги имаат во историјата.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Хендерсон одлично ја заврши задачата, се подготви пред натпреварите со помош на тренерот на голманите за пенали, не беа го надмудрија Елиот, Мо Салах и МекАлистeр, па на крајот, откако се вратија од минусот, изборија лотарија, ете Палас и неговите навивачи продолжуваат да ја живeат бајката.

И потоа, додека по натпреварот во пабовите околу Вембли траеше големиот празник на навивачите, во еден се појави херојот на приказната, Дин Хендерсон.

Наврати, остави 1000 фунти, ги почести сите во пaбот со пијачка за победата, се фотографираше со навивачите и замина дома.

Неверојатно, навистина, повремен англиски репрезентативец ги освои срцата на навивачите за цел живот!

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан продаде стопер за 40 милиони и веднаш купи соодветна замена!

Игли Таре, директорот на Милан успеа да го продаде стоперот за 40 милиони евра и да купи с…