
Паоло Бертолучи, поранешен италијански тенисер, е загрижен за Матео Беретини.
Беретини се бори со повреди веќе неколку години, односно отприлика од кога стана шести тенисер на светот на почетокот на 2022 година.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Во моментов е на 57 место, а во последните четири меча двапати мораше да се откаже, додека на Вимблдон беше поразен во пет сета од Камил Мајхшак.
“Вистината е дека неговата кариера е осакатена од постојаните повреди, но во вториот дел од минатата сезона беше здрав и полн со самодоверба. За жал, реалноста беше поинаква од таа на која се надеваше. Сега е впечатокот дека тој не страда веќе само од физички проблеми”, рече Бертолучи за неговиот сонародник.
Дваесет и деветгодишникот од Рим има доволно време пред него да ја врати кариерата таму каде што беше кога, во периодот меѓу почетокот на 2021 и крајот на 2022 година, играше четвртфинале на Ролан Гарос, полуфинале на Австралија Опен и финале на Вимблдон.
Сепак, некогаш 12. тенисер на светот е исплашен.
„Мрачни сенки се надвиснале над иднината на Матео. Тој се бори со физички и ментални пречки пред влез во своите 30-ти години. Во моментов, не можеме ништо да заклучиме за него. Сè е мирно. Но, многу е можно да се појави опција предвремено да ја заврши кариерата“, објасни Бертолучи.
Фотографија: Принтскрин