Дома Фудбал Шкупи потпиша со фудбалер од третата швајцарска лига

Шкупи потпиша со фудбалер од третата швајцарска лига

Фудбалскиот клуб Шкупи продолжува активно да го гради ростерот за новата сезона, овојпат со ангажман на младиот Ардит Дестани.

Како што информира клубот од Чаир, станува збор за 21-годишен офанзивец кој настапува на левото крило и пристигнува од редовите на швајцарскиот клуб Парадисо, кој се натпреварува во третата швајцарска лига.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


И покрај тоа што Дестани доаѓа од пониски фудбалски кругови, раководството на Шкупи верува дека со неговиот младински потенцијал и развојна перспектива ќе донесе дополнителна свежина во тимот.

Фото: FC Shkupi

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Италијанците си фантазираат: Веруваат дека уште можат да дојдат до место на Мундијалот!

Репрезентацијата на Италија сè уште задржува мала надеж за учество на Светското првенство …