Дома Фудбал Страшна повреда на Мусиала, два црвени картони и победа на Баерн за полуфинале! (Видео)

Страшна повреда на Мусиала, два црвени картони и победа на Баерн за полуфинале! (Видео)

Фудбалерите на ПСЖ обезбедија место во полуфиналето на Светското клупско првенство, откако вечерва во Атланта го совладаа тимот на Баерн со резултат 2:0.

Првото полувреме помина во отворена игра, каде што и двата тима имаа неколку одлични прилики за гол, но голманите беа извонредни.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сепак, во последните секунди пред заминувањето на пауза, се случи страшна повреда на Мусиала од Баерн. Неговото колено беше жестоко удрено од голманот на ПСЖ, Донарума, по што, веројатно, му беше скршена ногата.

На Баерн оваа повреда не им предизвика големи нарушувања и тие беа подобри во второто полувреме, но им недостасуваше реализација. Казната дојде во 78-та минута. Невеш ја доби топката на десната страна и ја врати назад до Дуе, кој долго се местеше и прецизно погоди од работ на шеснаесетникот за 1:0.

Само пет минути подоцна, ПСЖ остана со играч помалку, бидејќи Пачо доби црвен картон поради груб старт. Баерн очекувано тргна агресивно по израмнување, но не успеаја да постигнат гол и за нив ова првенство заврши. Инаку, во втората минута од судиското надополнување, ПСЖ доби и втор црвен картон, кој го доби Ернандез за удар со лактот.

Натпреварот заврши со голот на Дембеле во седмата минута од судиското надополнување, за конечни 2:0.

ПСЖ во полуфиналето на Светското клупско првенство ќе се сретне со подобриот од мечот меѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд. Нивниот натпревар е закажан за вечерва во 22:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул сака победa, а Слот најави: Влегуваме во финишот на сезоната, ни треба важен резултат против Манчестер Сити”

Менаџерот на фудбалскиот клуб Ливерпул, Арне Слот, изјави денеска дека е многу важно негов…