Дома Фудбал Шкупи го потврди првото летно засилување!

Шкупи го потврди првото летно засилување!

Екипата на Шкупи го започна летниот преоден рок со ангажман на нов фудбалер. Прво засилување за чаирчани е 21-годишниот Емре Кадри, кој доаѓа од редовите на Брегалница.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Младиот лев бек веќе има искуство во Првата македонска лига, откако претходно беше дел и од тимот на Работнички. Во текот на 2023 година, Кадри настапуваше и за младинскиот состав на турскиот клуб Адана Демирспор (до 19 години).

Преку објава на социјалните мрежи, Шкупи го претстави новиот фудбалер како перспективен и борбен дефанзивец, кој треба да донесе свежина во задната линија на тимот. По турбулентната сезона, клубот од Чаир очекува со нови имиња да го подигне нивото на игра во новата сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо му достави листа на Перез: „Овие шестмина веднаш да си заминат“

Според информациите кои се појавија во јавноста, португалскиот стратег го известил клупско…