Дома Фудбал Инфантино: Новиот формат на Светското клупско првенство ќе го промени фудбалот

Инфантино: Новиот формат на Светското клупско првенство ќе го промени фудбалот

Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, изјави денес дека првото Светско клупско првенство годинава во нов формат со 32 екипи ќе го промени фудбалот на подобро.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Светското клупско првенство започна ноќеска во САД, со натпреварот помеѓу Интер од Мајами и египетскиот Ал Ахли со нерешен резултат 0:0, на Хард Рок стадионот во Мајами. Турнирот ќе се игра во 11 американски градови до 13 јули.

„Овој турнир ќе биде почеток на нешто историско што ќе го промени нашиот спорт на подобро“, рече Инфантино во Мајами.

Пред натпреварот беше одржано свечено отворање на турнирот, со музички и танцови точки и огномет.

ФИФА од оваа година го промени системот на натпреварување, па на Светското клупско првенство наместо досегашните седум играат 32 екипи, на што се противеле многу тренери, здруженија на навивачи и експерти, поради густ календар. Фудбалерите се закануваа со штрајк, а против новиот формат беа најмногу Европската фудбалска унија (УЕФА).

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од вечерва кариерата на Ансу Фати доби сосема друга димензија!

Ансу Фати по 14 години повеќе не е играч на Барселона. Монако го купи неговиот договор за …