Дома Фудбал Киву пристигна во Интер и веднаш предизвика „земјотрес“

Киву пристигна во Интер и веднаш предизвика „земјотрес“

Кристијан Киву пред неколку дена официјално беше претставен како нов тренер на Интер, а романскиот стратег веќе предизвика „земјотрес“ во Милано кога објави дека дури осум играчи од овој клуб летово можат да го напуштат „Џузепе Меаца“.

По тешкиот пораз во финалето на Лигата на шампионите од ПСВ со 6:0, италијанскиот тренер Симоне Инѕаги одлучи дека е време за заминување од Интер, и само неколку дена подоцна потпиша за Ал Хилал.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Иако Интер сакаше новиот тренер да биде Сеск Фабрегас, на крајот се одлучија за човекот кој како играч настапуваше за овој клуб, а тоа е Кристијан Киву.

Киву ја започна тренерската кариера токму во Интер, каде што беше во речиси сите младински категории, а во сениорскиот фудбал дебитираше дури оваа година кога ја презеде екипата на Парма.

Во Парма пристигна во февруари и очигледно неколку месеци беа доволни на челните луѓе на Интер да го видат она што им требаше, па да разберат дека Киву заслужува шанса на клупата на првиот тим на овој клуб.

Романецот потпиша договор со Интер на две години, но само неколку дена подоцна предизвика „земјотрес“ на Меаца, кога објави кои играчи можат летово да го напуштат клубот.

Пред заминувањето на Светското клупско првенство, Киву разговараше со челниците на клубот околу засилувањата, како и за тоа кои играчи можат да бидат на трансфер листата и дури осумина од нив одлучи да ги премине.

На листата играчи за кои Киву рече дека можат летово да го напуштат Интер се Јан Бисек, Франческо Ачерби, Кристијан Асllани, Хакан Чалханоглу, Давиде Фратеси, Валентин Карбони, Мехди Тареми и Пио Еспосито.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Понудата за Осимен достигна неверојатни 50 милиони евра годишно

АЛ ХИЛАЛ не престанува да се обидува да го доведе Виктор Осимен, па затоа ја зголеми понуд…