Дома Фудбал Откриени детали: Чикаго нуделе сè што имаат за да го добијат Дончиќ

Откриени детали: Чикаго нуделе сè што имаат за да го добијат Дончиќ

Неверојатна блокбастер размена со која Лука Дончиќ на почетокот на февруари премина во Лос Анџелес Лејкерс, а Ентони Дејвис замина во Далас Маверикс, е главната приказна оваа сезона во НБА лигата. Во рамките на размената со Дончиќ во Лејкерс заминаа и Макси Клебер и Маркиф Морис, додека во Далас отидоа Макс Кристи и избор од првиот круг на драфтот во 2029 година. Во размената беше вклучен и Јута Џез, кој доби Џален Худ-Шифино од Лејкерс и два избора од вториот круг на овогодинешниот драфт.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сите се прашуваа како еден од најдобрите кошаркари во лигата, во своите најдобри години (25), беше разменет за 31-годишник и само еден идниен избор на драфтот. Далас го направи токму тоа. Лејкерс го добија Дончиќ, а во замена го земаа Ентони Дејвис, врвниот центар, но озлогласен по повредите кои ја одбележаа неговата кариера.

Работата ја завршија мошне тајно и експресно генералните менаџери: Нико Харисон од Далас, кој се ослободи од словенечкиот играч и Роб Пелинка од Лејкерс. Колку биле дискретни сведочи и фактот што за преговорите не знаел ниту Леброн Џејмс, ниту ѕвездите вклучени во размената.

Сега е откриено дека Лејкерс не биле единствените што испратиле понуда за Дончиќ. Џо Коули, новинарот на Чикаго Сан-Тајмс, пишува: „Извор од клубот ни откри дека Артурас Карнишовас, извршниот потпретседател на Чикаго Булс, му понуди на Далас било кој играч од тимот, доколку Далас ги известат дека Дончиќ е достапен во февруари.”

Подоцна се дозна дека Чикаго им нуделе на Далас сè што имаат и биле дури подготвени да ја вложат иднината на франшизата за нов проект околу Словенецот.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Голем пресврт во Реал: Ѕвездата повеќе не е недопирлива, Јунајтед ја чека својата шанса

Ова лето Реал Мадрид минува низ една од најголемите реконструкции на играчкиот кадар во по…