Дома Фудбал Александар Трајковски заминува од Хајдук

Александар Трајковски заминува од Хајдук

Македонскиот фудбалски репрезентативец Александар Трајковски се прости од Хајдук Сплит по две години поминати во хрватскиот клуб. Во емотивна порака, Трајковски им се заблагодари на сите што му биле дел од ова фудбалско патување.

„Ова беа две години кои ми донесоа нови искуства. И покрај сè, чувствувам благодарност. Ви благодарам на сите – соиграчи, тренерскиот тим и навивачи.

Финале во Лига на Шампиони: Младиот ПСЖ против искусниот Интер! ↓↓↓


Ви благодарам за целата поддршка што ми ја пруживте. Би сакал ова поглавје да го завршевме со шампионска титула. Ви посакувам среќа и се надевам дека тоа ќе го постигнете во иднина!“, порача Трајковски преку социјалните мрежи.

Со ова македонскиот напаѓач стави крај на својата авантура во дресот на Хајдук, клуб со кој немаше среќа да се закити со шампионски пехар, иако беше дел од неколку клучни натпревари и моменти.

Сега останува да се види кој ќе биде следниот чекор во кариерата на Трајковски, кој зад себе има богато меѓународно искуство и еден од најпрепознатливите македонски фудбалери на последната деценија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вреди 140 милиони евра, го сакаат сите клубови, а Нејмар никогаш не слушнал за него (Видео)

Флоријан Вирц, креативниот играч од средниот ред на Баер Леверкузен и германската репрезен…