Дома Фудбал Мбапе: Ме погоди што луѓето мислат дека не сакав да му го оставам пеналот на Модриќ

Мбапе: Ме погоди што луѓето мислат дека не сакав да му го оставам пеналот на Модриќ

КИЛИЈАН МБАПЕ ја освои Златната копачка за најдобар стрелец во најсилните европски лиги благодарение на двата гола кои ги постигна против Реал Сосиедад во последното коло на Ла Лига. Првиот гол го постигна откако промаши пенал и даде гол од одбиена топка.

Тоа беше последниот натпревар на Лука Модриќ на Сантјаго Бернабеу и многумина му замерија поради ударот и се прашуваа дали Модриќ не требаше да биде изведувач. Дел од публиката на стадионот скандираше и го величеше името на Модриќ, сакајќи капитенот да шутира и да даде гол на неговиот проштален натпревар.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Камерите за време на дуелот го снимија разговорот на Модриќ и Раул Асенсио за кој шпанските медиуми тврдат дека било токму на таа тема. Асенсио го прашал Модриќ зошто тој не изведува пенал, а Модриќ наводно му одговорил: “Не, не. На Килијан му треба за Златната копачка.” Потоа се сврте кон францускиот напаѓач и му рече: “Килијане, шутирај.”

Мбапе беше критикуван за тоа и на социјалните мрежи. Сепак, шпанските медиуми дознаа дека постоел договор помеѓу Мбапе и Модриќ. Модриќ сам инсистирал Мбапе да шутира и да се обиде да се доближи до Златната копачка наместо да се збогува со стадионот што му е дом од 2012 година со гол.

“Многу ме погоди тоа што луѓето мислат дека сум себичен и дека не сакав да му го оставам пеналот на Лука кога стадионот го побара тоа. Тоа не е мојата перцепција на фудбалот. Лука и јас однапред се договоривме, првиот пенал е мој, а ако има втор, тој ќе го изведе”, го цитираат Шпанците Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Убедлива победа на Челси за трофејот во Конференциската лига

Фудбалерите на Челси го освоија трофејот во УЕФА Конференциската лига откако во финалето у…