Дома Фудбал Меси без размислување го избра најдобриот фудбалер во историјата

Меси без размислување го избра најдобриот фудбалер во историјата

Лео Меси е при крајот на својата фудбалска кариера, но голем дел од спортската јавност го смета за еден од најдобрите играчи во историјата на оваа игра.

Меси стана професионалец во 2004 година кога дебитираше за Барселона и оттогаш стана еден од најдобрите на сите времиња.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Во својата кариера Меси имаше шанса да игра со или против некои од најдобрите фудбалери во светот како што се Андрес Иниеста, Тјери Анри, Кристијано Роналдо, Нејмар, Вејн Руни и многу други.

Но, ниту еден од нив за Меси не е најдобарот што тој некогаш го видел како игра. За Меси тоа е легендата на Реал Мадрид, Роналдо Назарио.

„Роналдо Назарио беше феномен. Од сите напаѓачи што сум ги видел, тој за мене е најдобриот. Импресивен играч од секој аспект“, рече Меси.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид преку Јувентус во четвртфинал

Реал Мадрид со минимални 1:0 го совлада Јувентус во осминафиналето на Светското клупско пр…