Дома Фудбал ФИФА очекува милијарда долари приходи од Светското првенство за жени

ФИФА очекува милијарда долари приходи од Светското првенство за жени

FIFA има намера да оствари приход од милијарда долари „во иднина“ од Светското првенство за жени, кое ќе се прошири од 32 на 48 екипи почнувајќи од 2031 година, објави во среда нејзиниот претседател Џани Инфантино.

„Бележиме значаен, експоненцијален раст на женскиот фудбал“, потенцираше Инфантино на Саудиско-американскиот инвестициски форум во Ријад.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Како и Светското првенство за мажи, кое ќе се зголеми од 32 на 48 тимови и од 64 на 104 натпревари од 2026, Светското првенство за жени се зголеми од 24 на 32 екипи во 2023 и ќе порасне на 48 од 2031 година.

„Нашата цел е да генерираме приход од милијарда долари од Светското првенство за жени, или околу 890 милиони евра, за овој пари да бидат повторно вложени во женскиот фудбал“, додаде тој.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Сити се вклучи во „лов“ по голман од 75 милиони евра

Манчестер Сити веќе направија одлични трансфери, но сè уште имаат клучен проблем што треба…