Дома Фудбал Tргнува по стапките на неговиот татко: Синот на Роналдо повикан во репрезентацијата на Португалија!

Tргнува по стапките на неговиот татко: Синот на Роналдо повикан во репрезентацијата на Португалија!

Кристијано Роналдо јуниор (14) е повикан во репрезентацијата на Португалија под 15 години. За синот на легендарниот Кристијано Роналдо ова ќе биде деби во националниот дрес, а тоа ќе го запише во Хрватска.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Португалија е еден од учесниците на меморијалниот турнир „Влатко Марковиќ“, кој се одржува од 13-ти до 18-ти мај во Лудбрег, Чаковец, Коториба и Свети Мартин на Мури. Во група А ќе играат Хрватска, Франција, Швајцарија и Романија, а во група Б Англија, Португалија, Јапонија и Грција.

Кристијано јуниор се занимава е дел од саудискиот Ал Наср, клуб во кој игра и неговиот татко. И претходно беше во сите клубови во кои настапуваше Роналдо, па така ја помина низ Реал Мадрид, Јувентус и Манчестер Јунајтед.

Фото: cristianojr.r7/Instagram
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси го продава Жоао Педро за да купи фудбалер од светска класа

Се шпекулира дека Жоао Педро може да биде продаден од Челси, исто така и поради пропуштање…