Дома Фудбал Баерн Минхен испрати порака по шпекулациите дека ќе си замине Кејн

Баерн Минхен испрати порака по шпекулациите дека ќе си замине Кејн

Баерн даде изјава во врска со иднината на нивниот напаѓач Хари Кејн откако се појавија шпекулации за негово можно враќање во Премиер лигата. Кејн пристигна во минхенскиот клуб во летото 2023 година со углед на одличен напаѓач, но и како играч кој никогаш претходно во кариерата не освоил титула.

Баерн го врати насловот за најдобар германски тим, а Кејн беше дел од тоа како најдобар стрелец на лигата. Постигна 24 голови и додели девет асистенции во 29 одиграни натпревари за својот прв трофеј во кариерата.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Најдобрите години Кејн ги даде во Тотенхем за кој, освен некои позајмици во почетокот на кариерата, играше од 2010 до 2023 година. Вкупно за лондонскиот клуб одигра 435 натпревари и во нив постигна 280 голови и запиша 62 асистенции. Со него беше финалист во Лигата на шампионите (2018/19) и двапати финалист во ЕФЛ купот.

Дали Кејн ќе се обиде следната година да ја брани титулата со Бајерн стана прашање кое почна да се провлекува низ германските медиуми. Ако им се верува на спортскиот директор на клубот Кристоф Фројнд, Кејн и следната сезона ќе постигнува голови во Германија. Тоа го најави и самиот напаѓач.

Фото: Бајерн Минхен

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спектакл каков не се памети, Интер е во финале

Интер и Барселона одиграа легендарно полуфинале со 13 гола и на крајот Интер се пласира во…