Дома Фудбал Милан успеа со пресврт да слави во Џенова

Милан успеа со пресврт да слави во Џенова

Фудбалерите на Милан ја победија Џенова на гостински терен (1:2) во последниот натпревар од 35. коло на Серија А.

Домаќините први дојдоа до водство, но гостите од модната престолнина за само 60 секунди успеаја да го свртат резултатот, што на крајот им донесе цели три бодови од ова тешко гостување.

Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓


Во првото полувреме се играше доста цврст фудбал, без многу шанси, така што немаше ниту голови. Најзначајниот момент во првиот дел од играта се случи во 28. минута кога на местото од повредениот Фофана во игра влезе Рафаел Леао.

Второто полувреме започна во сосема поинаков тон, и двете екипи започнаа да играат поофанзивно, а првиот гол во 61. минута го постигна Витинjа, кој совршено го искористи центаршутот на Арон Мартин и со директен удар ја прати топката во противничката мрежа, со што го прекина едногодишниот пост за голови.

Милан успеа да израмни во 76. минута кога Рафаел Леао со асистенција од Сантјаго Хименез постигна гол за 1:1.

Само минута подоцна, по акцијата на Милан, Френдруп ја допре топката и успеа да ја прати во сопствен гол, со што го завери резултатот.

Српскиот фудбалер Лука Јовиќ ги одигра првите 70 минути за Милан, додека Стахиња Павловиќ го одигра целиот натпревар за росо-нери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Објавена цела снимка од тепачката меѓу навивачите на Хајдук и Динамо (Видео)

Навивачите на Хајдук и Динамо од Загреб, Торцида Сплит и “Бад блу бојс”, го зг…