Дома Фудбал Италијански клуб освои титула и специјално ги награди фудбалерите – сите добија бесплатни услуги од ескорт дами!

Италијански клуб освои титула и специјално ги награди фудбалерите – сите добија бесплатни услуги од ескорт дами!

Фудбалерите на италијанскиот нисколигаш Атлетико Палермо ги израдуваа своите фанови со промоција во Серија Д (четвртата лига на италијанскиот фудбал) по победата против ривалскиот Партиничаудаче.

Ова ќе биде нивно прво учество во ова ниво на натпреварување, па фудбалерите го прославија големиот триумф со голема забава на која го одбележаа одличниот сезонски успех.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во меѓувреме, главниот спонзор на клубот, кој е веб-страница што нуди услуги на ескорт дами, реши да направи чекор понапред.

Имено, извршниот директор на компанијата Мајк Мора одлучи по повод промоцијата во повисока лига да ги награди сите фудбалери на Атлетико Палермо.

Сите фудбалери добија доживотна претплата на бесплатни услуги од ескорт дами.

„Сакавме да го одбележиме овој момент со еден практичен подарок. Сега тренерите и фудбалерите конечно можат да се опуштат… Со дополнителен подарок“, изјави Мора.

Иако фудбалерите на идниот четвртолигаш беа прилично расположени кога го открија подарокот од главниот спонзор, од клубот истакнуваат дека нивната желба е да остават трага во повисоката лига.

Фоот: athleticclubpalermo/Instagram
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Стигнаа вести за Кристијано Роналдо кои никој не сакаше да ги чуе

Кристијано Роналдо во моментот го носи дресот на саудискиот Ал Наср и договорот со овој кл…