Дома Фудбал Животот го помина во „офсајд“, а сега е на прагот на Серија А со култниот италијански клуб

Животот го помина во „офсајд“, а сега е на прагот на Серија А со култниот италијански клуб

Италијанската јавност се надева дека легендарниот Пипо Инзаги ќе може да создаде одлична приказна со култниот клуб.

Фудбалерите на Пиза во 35. коло од Серија Б ја прославија големата победа против Фрозиноне со 1:0 и така дојдоа до чекор од пласман во Серија А.

Безбедни ли сме? Колку во Македонија се вложува во безбедност и заштита? ↓↓↓


Пиза денес можеше да го обезбеди пласманот во друштвото на најдобрите, но и тимот на Специја славеше победа и го одложи славјето на навивачите од градот со „кривата кула“.

За да се вратат во Серија А, што навивачите го чекаат 34 години, ќе им биде доволен уште еден бод во преостанатите три кола, што не би требало да биде проблем.

Голем успех за 51-годишниот Филиппо Инзаги кој ја презеде Пиза минатото лето, кога клубот претежно се преживуваше во втората италијанска лига.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алиоски со Ал-Ахли ја освои азиската Лига на шампиони

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски и неговиот клуб Ал-Ахли испишаа историја со ос…