
ПСЖ се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите, но вечерта не помина без драма. Астон Вила беше на чекор до сензација, губеше со 2:0, а потоа за само 23 минути се врати на чекор до изедначување. Парижаните на крај сепак продолжија, но останува впечатокот дека самите се доведоа во непријатна ситуација.
Луис Енрике и неговиот тим за малку ќе го пропуштеа, како што изгледаше, сигурното водство. Астон Вила имаше над половина час за да постигне гол кој би го одвело натпреварот во продолженија, а нервозата се чувствуваше и на теренот и на трибините.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Најдобро го покажа тоа Усман Дембеле, кој после натпреварот одби да ја прими наградата за играч на натпреварот и лут се упати во соблекувалната. На крај, сепак, го убедија да застане пред објективите, но фотографијата од доделувањето на наградата говори повеќе од зборови – Дембеле беше видно изнервиран.
Дембеле не го криеше разочарувањето. “Помисливме дека сме предобри. На 2:1 мислевме дека сме се пласирале во полуфиналето и дека натпреварот е завршен,” рече Дембеле по натпреварот. “Така е тоа во Лигата на шампионите. Играш против тимови кои имаат огнени навивачи и тие можат да го променат натпреварот во своја корист,” додаде тој.
Во Париз се очекуваше славје, но наместо еуфорија – ладен туш и предупредување за ПСЖ. Дембеле со своите постапки и изјави јасно даде до знаење дека ваквиот приод нема да го помине во завршницата на Лигата на шампионите. Фотографијата од доделувањето на наградата за најдобар играч, на која Дембеле изгледа како да би сакал да биде било каде на друго место, веќе стана хит на социјалните мрежи.
🚨 Усман Дембеле, Играч на натпреварот избран од УЕФА за Астон Вила-ПСЖ. pic.twitter.com/HsJs0y3IBb
— Фабрицио Романо (@FabrizioRomano) 15 април 2025 година