Дома Моторспорт Во Ред Бул стравуваат: Верстапен има посебна клазула, еве како може да замине на лето!

Во Ред Бул стравуваат: Верстапен има посебна клазула, еве како може да замине на лето!

Зад четирикратниот актуелен шампион во Формула 1, Макс Верстапен, е разочарувачки викенд. Холанѓанецот на Големата награда на Бахреин влезе во целта како шести и по трката изјави дека веројатно го извлекол максимумот, со оглед на тоа што имал големи проблеми со кочниците и гумите.

Возилото на Ред Бул моментално не изгледа како да може да се натпреварува со најбрзите, особено со Мекларен, па раководството на тимот е загрижено дека Верстапен може да побара нов тим. Иако има договор до 2028 година, Дејли Мејл открива дека во него постои клаузула според која уште за време на летната пауза може да премине во друг тим ако заврши под третото место во поредокот на возачите.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Главниот советник на Ред Бул, Хелмут Марко, рече: „Многу сме загрижени, треба да го унапредиме возилото во блиската иднина за да му обезбедиме на Макс возило со кое повторно ќе може да се бори за победи. Мора да му обезбедиме возило кое може да се бори за титулата. Секако, секој врвен возач има клаузула за напуштање во случај на слаби перформанси, но секогаш таа е различна. Да, за тоа ќе се говори ова лето.“

Верстапен во генералниот поредок по четири трки го држи третото место со осум поени помалку од водечкиот Ландо Норис, додека четвртопласираниот Џорџ Расел е само шест поени зад него. Со оглед на тоа како изгледа Ред Бул, не е незамисливо Верстапен да го изгуби местото меѓу првите три.

Како потенцијални нови дестинации за Верстапен се спомнуваат Мерцедес и Астон Мартин, кои од следната сезона ќе соработуваат со Хонда, досегашниот партнер на Ред Бул со кој Холанѓанецот има добри односи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Светскиот шампион објави фотографија од болница: Само што се врати, а сезоната му е веќе – уништена!

Актуелниот шампион на Мото ГП, Хорхе Мартин, ги пропушти воведните трки во новата сезона п…