Дома Фудбал „Бомба“ од Мадрид: Перез донел одлука за Анчелоти!

„Бомба“ од Мадрид: Перез донел одлука за Анчелоти!

Карло Анчелоти нема да остане на клупата на Реал Мадрид!

Оваа вест ја пренесоа бројни мадридски медиуми, предводени од Релево, кој тврди дека само чудо може да го спаси Анчелоти, а тоа е да освои или Лигата на шампионите или Ла Лига.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Такво сценарио во овој момент е прилично тешко, затоа што Арсенал славеше со 3:0, а Барселона му бега на Реал четири бода и го дочекува на 11. мај.

Релево пишува дека Флорентино Перез веќе започнал нова офанзива за потпис – Чаби Алонсо!

Шпанецот и летово беше прва желба на претседателот на Реал Мадрид, но тогаш реши да остане уште една сезона во Бајер Леверкузен.

Сега ситуацијата е различна, се знае дека му е сон клупата на Реал Мадрид и тешко дека ќе може повторно да каже “НЕ” на Флорентино Перез.

Да потсетиме, Реал Мадрид сè уште може да го освои и Купот на кралот, во финалето се среќава со Барселона, на 26. април, но Перез не е задоволен со само еден, и тоа најмалку важен трофеј сезонава.

Инаку, Анчелоти во неговиот втор мандат освои две Лиги на шампионите, 2022 и 2024 година, покрај тоа и два трофеи во Ла Лига, Купот на кралот, СП за клубови и Суперкупот на Европа и Шпанија.

Но, отсекогаш се знаеше дека кај Флорентино Перез вредиш колку и последниот успех…

Фото: Real Madrid C.F/FB
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Го споредуваа и со Еден Азар од најдобрите денови: „Чудото од дете“ на Челси на 28 години ја заврши кариерата!

Поранешното „чудо од дете“ од Челси, Чарли Мусонда, објави дека се повлекува од професиона…