Дома Фудбал Падна договор: Заминува едно од најскапите засилувања на Челси

Падна договор: Заминува едно од најскапите засилувања на Челси

Борнмут и Челси речиси сигурно ќе постигнат договор и Кепа Аризабалага и официјално ќе биде откупен.

Како што е познато, Кепа од минатото лето е на позајмица во Борнмут, а одамна се знае дека во Челзи не сметаат на него. Шпанецот и минатата сезона беше на позајмица, во Реал Мадрид, но таму беше план Б, бидејќи пред него се наметна Андриј Лунин.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Кепа, ако сте заборавиле, беше рекордно засилување за голманската позиција, бидејќи Челси за него плати дури 80 милиони евра, летото 2018 година.

Кепа оваа сезона стана стандарден кај Андони Ираола и очекувано е што Борнмут сака да го откупи.

Шпанецот има 30 години, а додека му истекува договорот со Челси во 2026 година, се очекува Борнмут да го откупи за симболично обештетување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Toa што му го направи Модриќ со Динамо е брутално, Бобан остана без зборови

Лука Модриќ по 13 години ги напушта редовите на Реал Мадрид и кариерата ја продолжува во р…