Дома Фудбал Баерн сака да го купи новиот бисер на Штутгарт

Баерн сака да го купи новиот бисер на Штутгарт

Фудбалерот на Штутгарт, Ник Волтемад, е на мета на лидерот на германското првенство Баерн, според информациите на Скај Спорт.

Волтемад има 23 години и игра како напаѓач и офанзивен играч за врска.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Минатата сезона тој се истакна како редовен и важен член на Штутгарт, додека оваа сезона целосно блесна и го привлече вниманието на љубителите на фудбалот, но и на гигантите.

Ник е висок 198 сантиметри и за неговата градба е неверојатно вешт со топката.

Физички е способен да биде играч околу кого се вршат акциите , но во последните месеци особено се истакна со доброто позиционирање и со вештината што ја покажува кога ја презема топката меѓу линиите на противничкиот тим, дури и кога е опкружен со противници.

Волтемад досега има одиграно 24 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона. Германецот постигна 12 голови и запиша уште три асистенции.

Баерн е во потрага по играч кој би бил резервна опција за стартниот напаѓач Хари Кејн.

Штутгарт е на 10-то место на табелата со 37 бодови.

Екипата на Хоенес има заостаток од осум бодови зад Ајнтрахт кој е на четвртото место – најниското кое гарантира пласман во Лигата на шампионите наредната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Повредата на Халанд ќе го задржи подолго време надвор од терените

Ерлинг Халанд не ќе биде во можност да учествува во критичниот дел од сезоната за тимот на…