Дома Фудбал Атлетико никогаш досега не доживеал вакво нешто со Симеоне на клупата

Атлетико никогаш досега не доживеал вакво нешто со Симеоне на клупата

Фудбалерите на Атлетико Мадрид беа поразени од Барселона на „Метрополитано“, со резултат 2:4 во дербито на 28. коло од Ла Лига.

Изгледаше дека Атлетико ќе заврши успешно против Барса кога Александер Сорлот со крајно контроверзен гол ја зголеми предноста на 2:0 во 70-та минута. Меѓутоа, само неколку моменти подоцна, Барселона преку Роберт Левандовски и Феран Торес израмни, а потоа со головите на Ламин Јамал и повторно Торес ја освојуваат тврдината наречена „Метрополитано“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Така, се случи случај што никогаш не се случил на Чоло Симеоне откако го презеде кормилото на Атлетико. За 17 години колку што е на клупата на „јорганџиите“, Атлетико никогаш не испуштил предност од два гола. Во тој период се одиграни неверојатни 662 натпревари.

Последен пат тоа на Атлетико му се случи на 4-ти ноември 2007 година против Виљареал кога загубија со 3:4.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул сака победa, а Слот најави: Влегуваме во финишот на сезоната, ни треба важен резултат против Манчестер Сити”

Менаџерот на фудбалскиот клуб Ливерпул, Арне Слот, изјави денеска дека е многу важно негов…