Дома Фудбал Ова се сите парови од четвртфиналето на ЛШ и термините на натпреварите (Фото)

Ова се сите парови од четвртфиналето на ЛШ и термините на натпреварите (Фото)

Со драматичниот дуел на мадридскиот „Ванда Метрополитано“’, каде што Реал по серија од пенали успеа да го елиминира градскиот ривал Атлетико, беше комплетирана осминафиналната фаза на Лигата на шампионите.

Тоа значи дека ги имаме сите осум четвртфиналисти и сите четири пара од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Во горниот дел од „костурот“ се:

Арсенал – Реал Мадрид и Пари Сен Жермен – Астон Вила. Победниците од овие два дуели ќе играат во полуфиналето.

Во долниот дел од „костурот“ ќе играат:

Барселона – Дортмунд и Баерн – Интер. Победниците од овие дуели ќе го формираат вториот полуфинален пар.

Првите натпревари од четвртфиналето ќе се играат на 8 април, а реванш натпреварите се седум дена подоцна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Леао сака само во Галатасарај, на Аморим му паѓа огромен товар од грбот?

Милан успешно ја започна новата сезона во италијанското првенство во недела вечер, но побе…